налее
Значење на налее:
1. Тури, сипе течност во некаков сад. Зеде две чашиња и налеа ракија. Му налеа во чашата вино.
2. Залее, наполни вода. Отидоа на чешма да налеат вода.
3. Потури, полее со течност што се стврднува (со растопено злато, чоколада, восок и др.).
Коњугација: (ќе) налеев , (ќе) налееја , (ќе) налеел , налеав , налеаја , налеал , налеан , налеат , налеен, налеј , налејте .
Изведени зборови:
- налевање, глаг. им. ср.
- (се) налева, глаг. несв. (се) налеваат
- се ~ налее, 1. Се исполни, стане покрупен. Порасна високо момче, снагата му се налеа. Жилите му набрекнаа, се налеаја со модра, густа крв. Грозјето се налеа, втаса. 2. (прен. разг.) Се напие многу, се опие.
Оригинални податоци:
налее, налеат; налеј, налејте; налеав, налеаја; налеал; налеан; (ќе) налеев, (ќе) налееја; (ќе) налеел; налеен св. 1. Тури, сипе течност во некаков сад. Зеде две чашиња и налеа ракија. Му налеа во чашата вино. 2. Залее, наполни вода. Отидоа на чешма да налеат вода. 3. Потури, полее со течност што се стврднува (со растопено злато, чоколада, восок и др.). ● се ~ 1. Се исполни, стане покрупен. Порасна високо момче, снагата му се налеа. Жилите му набрекнаа, се налеаја со модра, густа крв. Грозјето се налеа, втаса. 2. (прен. разг.) Се напие многу, се опие. ‖ (се) налева, (се) налеваат несв. ‖ глаг. им. налевање ср.