налегне
Значење на налегне:
1. Легне врз нешто, потисне. Му ја налегнал раката во темницата. Го налегнале и му ги врзале рацете. Полека ја налегна кваката, и вратата се отвори.
2. За множество – легне во голем број, повеќемина. По песокта налегнал народ, кој кај стигнал. Во тремот налегнаа децата и изморените селани.
3. Се најде под некаков притисок, во тешка, непријатна состојба. Го налегна многу работа. Ги налегна голема сиромаштија. Староста го налегна. Тешка болест го налегна.
4. Добро се сложи, се намести едно со друго. Тој дел треба убаво да налегне.
Коњугација: (ќе) налегне, (ќе) налегнеа , (ќе) налегнев , налегнаа , налегнав , налегнал , налегнат , налегнат , налегнете , налегни .
Изведени зборови:
- налегнува, глаг. несв. налегнуваат
- налегнување, глаг. им. ср.
Оригинални податоци:
налегне, налегнат; налегни, налегнете; налегнав, налегнаа; налегнал; налегнат; (ќе) налегнев, (ќе) налегнеа; (ќе) налегне; св. 1. Легне врз нешто, потисне. Му ја налегнал раката во темницата. Го налегнале и му ги врзале рацете. Полека ја налегна кваката, и вратата се отвори. 2. За множество – легне во голем број, повеќемина. По песокта налегнал народ, кој кај стигнал. Во тремот налегнаа децата и изморените селани. 3. Се најде под некаков притисок, во тешка, непријатна состојба. Го налегна многу работа. Ги налегна голема сиромаштија. Староста го налегна. Тешка болест го налегна. 4. Добро се сложи, се намести едно со друго. Тој дел треба убаво да налегне. ‖ налегнува, налегнуваат несв. ‖ глаг. им. налегнување ср.