налепи

Глагол, свршен

Значење на налепи:

1. Залепи во голем број, многу. Низ целиот град налепија плакати.

2. (прен., разг.) Добие нешто лошо, се најде во лоша положба. Со оваа работа си налепив голема беља. Чувај се, да не налепиш некоја болест. Да не си налепи човек од лоши комшии.

Коњугација: налепат.

Изведени зборови:

  • се ~ налепи, Се залепи во голем број, многу. На ѕидот се налепиле мушички.
  • (се) налепува, глаг. несв. (се) налепуваат

Оригинални податоци:

налепи, налепат св. 1. Залепи во голем број, многу. Низ целиот град налепија плакати. 2. (прен., разг.) Добие нешто лошо, се најде во лоша положба. Со оваа работа си налепив голема беља. Чувај се, да не налепиш некоја болест. Да не си налепи човек од лоши комшии. ● се ~ Се залепи во голем број, многу. На ѕидот се налепиле мушички. ‖ (се) налепува, (се) налепуваат несв.