налета

Глагол, свршен

Значење на налета:

1. Движејќи се брзо, удри во нешто, се судри. Не можел да сопре и налетал на спуштената рампа. Налетал на група пешаци.

2. Случајно, неочекувано сретне, наиде на некого, на нешто. Налета на заседа. Налета на мина.

3. Силно нападне, изврши налет. Налетаа на тврдината, но беа одбиени. Непријателот налета со сите сили.

Коњугација: налетаат.

Изведени зборови:

  • се ~ налета, Помине доволно време во летање, се задоволи со летање.
  • (се) налетува, глаг. несв. (се) налетуваат

Оригинални податоци:

налета, налетаат св. 1. Движејќи се брзо, удри во нешто, се судри. Не можел да сопре и налетал на спуштената рампа. Налетал на група пешаци. 2. Случајно, неочекувано сретне, наиде на некого, на нешто. Налета на заседа. Налета на мина. 3. Силно нападне, изврши налет. Налетаа на тврдината, но беа одбиени. Непријателот налета со сите сили. ● се ~ Помине доволно време во летање, се задоволи со летање. ‖ (се) налетува, (се) налетуваат несв.