наложи
Значење на наложи:
1. Стави облога на болно место од телото. Му ги наложија модрините со толчени коприви и сол.
2. Нареди, даде налог за вршење некоја работа. Им наложија да работат прекувремено за да се заврши работата во предвидениот рок.
3. Наметне нешто, принуди некого на нешто. Го наложија својот јазик во нашите училишта. Му наложија да молчи и само да ги извршува директивите.
Коњугација: наложат.
Изведени зборови:
- налагање, глаг. им. ср. налагање / наложување
- (се) налага, глаг. несв. (се) налагаат -- (се) наложува, (се) наложуваат
- се ~ наложи, Се наметне, се постави над другите. Успеваше да се наложи со своите ставови.
Оригинални податоци:
наложи, наложат св. 1. Стави облога на болно место од телото. Му ги наложија модрините со толчени коприви и сол. 2. Нареди, даде налог за вршење некоја работа. Им наложија да работат прекувремено за да се заврши работата во предвидениот рок. 3. Наметне нешто, принуди некого на нешто. Го наложија својот јазик во нашите училишта. Му наложија да молчи и само да ги извршува директивите. ● се ~ Се наметне, се постави над другите. Успеваше да се наложи со своите ставови. ‖ (се) налага, (се) налагаат / (се) наложува, (се) наложуваат несв. ‖ глаг. им. налагање / наложување ср.