намачи

Глагол, свршен

Значење на намачи:

Зададе маки некому, измачи. Ме намачи додека го фатив. Мојот најнов текст многу ме намачи.

Коњугација: намачат.

Изведени зборови:

  • намачување, глаг. им. ср.
  • се ~ намачи, Се најде во мака, се измачи, се измори. Се намачи додека им објасни. Во почетокот на работата многу се намачија.
  • (се) намачува, глаг. несв. (се) намачуваат

Оригинални податоци:

намачи, намачат св. Зададе маки некому, измачи. Ме намачи додека го фатив. Мојот најнов текст многу ме намачи. ● се ~ Се најде во мака, се измачи, се измори. Се намачи додека им објасни. Во почетокот на работата многу се намачија. ‖ (се) намачува, (се) намачуваат несв. ‖ глаг. им. намачување ср.