намали

Глагол, свршен

Значење на намали:

1. Направи нешто да биде помало, смали. Го намалија бројот на работниците. Им ги намалиле платите. Судот им ја намалил казната. Ги намалиле цените на лебот.

2. Стане помал, попушти, ослабне, дојде при крај. Денот веќе намали. Водата во реката намалила. Горештините намалија. Дождот намали, ќе престане. Намалиле болките. Огнот намали.

Коњугација: намалат.

Изведени зборови:

  • намалување, глаг. им. ср.
  • се ~ намали, Се смали, се снижи. Се намали смртноста на децата.
  • (се) намалува, глаг. несв. (се) намалуваат

Оригинални податоци:

намали, намалат св. 1. Направи нешто да биде помало, смали. Го намалија бројот на работниците. Им ги намалиле платите. Судот им ја намалил казната. Ги намалиле цените на лебот. 2. Стане помал, попушти, ослабне, дојде при крај. Денот веќе намали. Водата во реката намалила. Горештините намалија. Дождот намали, ќе престане. Намалиле болките. Огнот намали. ● се ~ Се смали, се снижи. Се намали смртноста на децата. ‖ (се) намалува, (се) намалуваат несв. ‖ глаг. им. намалување ср.