намами
Значење на намами:
1. Со мамење (обично со лоша намера) привлече некого да дојде. Едниот се предал, а другиот го намамиле и го фатиле. Го намамија, божем, на по една пијачка за да им каже сè што чул.
2. (прен.) Се најде привлечен од нешто. Го намами музиката, и влезе во кафеаната. Ги намами смеата и вревата на улица, па излегоа надвор. Водата беше топла и нè намами на капење. Писокот на гајдата ги намами сите на сретсело.
Коњугација: намамат.
Изведени зборови:
- намамува, глаг. несв. намамуваат
- намамување, глаг. им. ср.
Оригинални податоци:
намами, намамат св. 1. Со мамење (обично со лоша намера) привлече некого да дојде. Едниот се предал, а другиот го намамиле и го фатиле. Го намамија, божем, на по една пијачка за да им каже сè што чул. 2. (прен.) Се најде привлечен од нешто. Го намами музиката, и влезе во кафеаната. Ги намами смеата и вревата на улица, па излегоа надвор. Водата беше топла и нè намами на капење. Писокот на гајдата ги намами сите на сретсело. ‖ намамува, намамуваат несв. ‖ глаг. им. намамување ср.