намавне

Глагол, свршен

Значење на намавне:

1. Направи движење со рака, со стап и сл., замавне за да удри. Намавна со мотиката за да го удри. Одвреме-навреме ќе намавнеше на коњите и ќе им подвикнеше.

2. Даде знак за повикување, за поздрав и сл. со движење на раката или на главата. Му намавна со рака од прозорецот и му се насмевна. Капетанот им намавна со рака на војниците. Тој ѝ намавна со глава да продолжи.

Коњугација: (ќе) намавнеа , (ќе) намавнев , (ќе) намавнел, намавнаа , намавнав , намавнал , намавнат , намавнат , намавнете , намавни .

Изведени зборови:

  • намавнува, глаг. несв. намавнуваат
  • намавнување, глаг. им. ср.

Оригинални податоци:

намавне, намавнат; намавни, намавнете; намавнав, намавнаа; намавнал; намавнат; (ќе) намавнев, (ќе) намавнеа; (ќе) намавнел св. 1. Направи движење со рака, со стап и сл., замавне за да удри. Намавна со мотиката за да го удри. Одвреме-навреме ќе намавнеше на коњите и ќе им подвикнеше. 2. Даде знак за повикување, за поздрав и сл. со движење на раката или на главата. Му намавна со рака од прозорецот и му се насмевна. Капетанот им намавна со рака на војниците. Тој ѝ намавна со глава да продолжи. ‖ намавнува, намавнуваат несв. ‖ глаг. им. намавнување ср.