намени
Значење на намени:
1. Направи, произведе, подготви нешто за определена цел. Еден дел од зеленчукот го намени за преработка, а другиот го продаде. Две слики намени за продажба. Произведуваа облека наменета за покрупни жени.
2. Определи нешто да биде за некого. Тоа му го намени на синот.
Коњугација: наменат.
Изведени зборови:
- наменува, глаг. несв. наменуваат
- наменување, глаг. им. ср.
Оригинални податоци:
намени, наменат св. 1. Направи, произведе, подготви нешто за определена цел. Еден дел од зеленчукот го намени за преработка, а другиот го продаде. Две слики намени за продажба. Произведуваа облека наменета за покрупни жени. 2. Определи нешто да биде за некого. Тоа му го намени на синот. ‖ наменува, наменуваат несв. ‖ глаг. им. наменување ср.