намери
Значење на намери:
1. Нанишани, земе на нишан. Намери право во центарот на целта.
2. Насочи, наврти. Ја намери пушката во туѓинецот.
3. Најде, затече. Кај те најде, кај те намери баш тебе.
Коњугација: намерат.
Изведени зборови:
- намерува, глаг. несв. намеруваат од намери 1. и 2.
- намерување, глаг. им. ср.
- се ~ намери, Се затече, се најде, случајно наиде на нешто. Со божја помош, може ќе се намерам на добри луѓе. Добро што се намерив на тебе. Кој знае од каде се намерил таму. Во животот не знаеш што те чека, на што ќе се намериш.
Фразеолошки израз / поговорка:
Од кај го (те, ја и др.) намери ѓаволот! – несакана средба со некого, со нешто.
Оригинални податоци:
намери, намерат св. 1. Нанишани, земе на нишан. Намери право во центарот на целта. 2. Насочи, наврти. Ја намери пушката во туѓинецот. 3. Најде, затече. Кај те најде, кај те намери баш тебе. ● се ~ Се затече, се најде, случајно наиде на нешто. Со божја помош, може ќе се намерам на добри луѓе. Добро што се намерив на тебе. Кој знае од каде се намерил таму. Во животот не знаеш што те чека, на што ќе се намериш. ◊ Од кај го (те, ја и др.) намери ѓаволот! – несакана средба со некого, со нешто. ‖ намерува, намеруваат несв. од намери 1. и 2. ‖ глаг. им. намерување ср.