наместа
Значење на наместа:
1. На некои места, не секаде. Оградата беше долга, наместа искршена. По планината наместа се гледаа остатоци од снег. Ќе биде облачно, наместа со дожд.
2. Само во нешто, не во сè. Стилот му е одмерен, наместа раскошен.
Оригинални податоци:
наместа прил. 1. На некои места, не секаде. Оградата беше долга, наместа искршена. По планината наместа се гледаа остатоци од снег. Ќе биде облачно, наместа со дожд. 2. Само во нешто, не во сè. Стилот му е одмерен, наместа раскошен.