намести

Глагол, свршен

Значење на намести:

1. Стави нешто на соодветно место или во определена положба. Ја намести рачката на секирата. Ги намести рацете за молитва. Намести го саатот да ѕвони.

2. Уреди, среди, постави според потребата. Ги отвори прозорците и ги намести креветите. Ја намести собата како за гости. Намести ја масата за ручек.

3. Снабди со мебел, опреми. Добро го наместиле станот. Кујната ја наместиле со сè што треба.

4. (разг.) Направи сплетка, подлост некому, измами, набеди. Ако не си ги отвориш очите, убаво ќе те наместат. Него го наместиле, а тие се истргале. Го наместиле дека тој ја запалил куќата.

5. Вработи некого. Го наместил синот за директор на фирмата.

Коњугација: наместат.

Изведени зборови:

  • наместување, глаг. им. ср.
  • се ~ намести, 1. Седне, заземе место. Испоседнаа, се наместија кој кај стигна. Се намести на каучот и заспа. 2. Се вработи, заземе функција и сл. Се наместил за раководител на друштвото. Ги оставија селата, сите се наместија по градовите на разни места.
  • (се) наместува, глаг. несв. (се) наместуваат

Оригинални податоци:

намести, наместат св. 1. Стави нешто на соодветно место или во определена положба. Ја намести рачката на секирата. Ги намести рацете за молитва. Намести го саатот да ѕвони. 2. Уреди, среди, постави според потребата. Ги отвори прозорците и ги намести креветите. Ја намести собата како за гости. Намести ја масата за ручек. 3. Снабди со мебел, опреми. Добро го наместиле станот. Кујната ја наместиле со сè што треба. 4. (разг.) Направи сплетка, подлост некому, измами, набеди. Ако не си ги отвориш очите, убаво ќе те наместат. Него го наместиле, а тие се истргале. Го наместиле дека тој ја запалил куќата. 5. Вработи некого. Го наместил синот за директор на фирмата. ● се ~ 1. Седне, заземе место. Испоседнаа, се наместија кој кај стигна. Се намести на каучот и заспа. 2. Се вработи, заземе функција и сл. Се наместил за раководител на друштвото. Ги оставија селата, сите се наместија по градовите на разни места. ‖ (се) наместува, (се) наместуваат несв. ‖ глаг. им. наместување ср.