наместо

Предлог

Значење на наместо:

1. Со именски збор означува дека тоа на кое е укажано со тој збор е заменето со нешто друго. Наместо мајсторот дошол калфата. Наместо на дуќан тргна кон куќата на сестра си. Наместо со пари му плати со пченица.

2. прил. а) Со сврзникот да – означува дека едно дејство е заменето со друго. Наместо да работат по цел ден се шетаат. Наместо да наоѓа мани нека поработи малку. б) Точно, правилно, на своето место. Ти верувам, таа претпазливост е наместо. Тоа ти беше наместо. Сè ќе си дојде наместо. Зборовите му доаѓаат токму наместо.

Оригинални податоци:

наместо предл. 1. Со именски збор означува дека тоа на кое е укажано со тој збор е заменето со нешто друго. Наместо мајсторот дошол калфата. Наместо на дуќан тргна кон куќата на сестра си. Наместо со пари му плати со пченица. 2. прил. а) Со сврзникот да – означува дека едно дејство е заменето со друго. Наместо да работат по цел ден се шетаат. Наместо да наоѓа мани нека поработи малку. б) Точно, правилно, на своето место. Ти верувам, таа претпазливост е наместо. Тоа ти беше наместо. Сè ќе си дојде наместо. Зборовите му доаѓаат токму наместо.