намири

Глагол, свршен

Значење на намири:

1. Заврши определени работи, уреди што треба. Дури ги намири бабата работите, децата позаспаа.

2. Исплати, врати долг, среди сметки. Не може да ги намири сметките за комуналии.

3. Нахрани, снабди со храна. Прво гледаше да ги намири децата, а за старите ако останеше.

Коњугација: намират.

Изведени зборови:

  • намирување, глаг. им. ср.
  • се ~ намири, Се облече, се дотера. Откако се намири во новиот костум, ја отвори вратата.
  • (се) намирува, глаг. несв. (се) намируваат

Оригинални податоци:

намири, намират св. 1. Заврши определени работи, уреди што треба. Дури ги намири бабата работите, децата позаспаа. 2. Исплати, врати долг, среди сметки. Не може да ги намири сметките за комуналии. 3. Нахрани, снабди со храна. Прво гледаше да ги намири децата, а за старите ако останеше. ● се ~ Се облече, се дотера. Откако се намири во новиот костум, ја отвори вратата. ‖ (се) намирува, (се) намируваат несв. ‖ глаг. им. намирување ср.