намножи

Глагол, свршен

Значење на намножи:

Бројно зголеми нешто, умножи. Го намножи стадото, сега може да продава. Рекламите ги намножија без мерка.

Коњугација: намножат.

Изведени зборови:

  • намножување, глаг. им. ср.
  • се ~ намножи, Се зголеми по број. Се намножија јагнињата, ама се намножија и волците. Нови болести се намножија.
  • (се) намножува, глаг. несв. (се) намножуваат

Оригинални податоци:

намножи, намножат св. Бројно зголеми нешто, умножи. Го намножи стадото, сега може да продава. Рекламите ги намножија без мерка. ● се ~ Се зголеми по број. Се намножија јагнињата, ама се намножија и волците. Нови болести се намножија. ‖ (се) намножува, (се) намножуваат несв. ‖ глаг. им. намножување ср.