намоли

Глагол, свршен

Значење на намоли:

Со упорно молење постигне, добие нешто. Одвај го намоли да му ја заврши работата.

Коњугација: намолат.

Изведени зборови:

  • намолување, глаг. им. ср.
  • се ~ намоли, 1. Се согласи по долго, упорно молење. Се намоли да го прими на разговор. 2. Помине долго време во молење.
  • (се) намолува, глаг. несв. (се) намолуваат

Оригинални податоци:

намоли, намолат св. Со упорно молење постигне, добие нешто. Одвај го намоли да му ја заврши работата. ● се ~ 1. Се согласи по долго, упорно молење. Се намоли да го прими на разговор. 2. Помине долго време во молење. ‖ (се) намолува, (се) намолуваат несв. ‖ глаг. им. намолување ср.