намрштен
Значење на намрштен:
1. Што има нерасположен, незадоволен, налутен израз на лицето; намуртен. Намрштено чело. Намрштеното лице почна да му се разведрува.
2. (прен.) За временските услови – облачен, мрачен. Намрштен ден. Намрштено небо. Намрштена есен.
Членувана форма: намрштениот.
Изведени зборови:
- намрштено, прил. Го следи намрштено секој нејзин збор. Намрштено ѝ одговори.
- намрштеност, и. ж.
Оригинални податоци:
намрштен, намрштениот прид. 1. Што има нерасположен, незадоволен, налутен израз на лицето; намуртен. Намрштено чело. Намрштеното лице почна да му се разведрува. 2. (прен.) За временските услови – облачен, мрачен. Намрштен ден. Намрштено небо. Намрштена есен. ‖ намрштено прил. Го следи намрштено секој нејзин збор. Намрштено ѝ одговори. ‖ намрштеност ж.