намуртен
Значење на намуртен:
1. Што има нерасположен, незадоволен, налутен израз на лицето; намрштен. Намуртено лице. Намуртено чело. На портата нè запре намуртен чувар.
2. (прен.) За временските услови – наоблачен, мрачен. Небото намуртено. Дојде празникот, дождлив, намуртен.
Членувана форма: намуртениот.
Изведени зборови:
- намуртено, прил. Намуртено го праша.
- намуртеност, и. ж.
Оригинални податоци:
намуртен, намуртениот прид. 1. Што има нерасположен, незадоволен, налутен израз на лицето; намрштен. Намуртено лице. Намуртено чело. На портата нè запре намуртен чувар. 2. (прен.) За временските услови – наоблачен, мрачен. Небото намуртено. Дојде празникот, дождлив, намуртен. ‖ намуртено прил. Намуртено го праша. ‖ намуртеност ж.