намурти
Значење на намурти:
Направи нерасположен, незадоволен, налутен израз на лицето; намршти. Чуварот го намурти лицето и ми рече да чекам. Седна, ги намурти веѓите и го отвори весникот.Коњугација: намуртат.
Изведени зборови:
- намуртување, глаг. им. ср.
- се ~ намурти, 1. Се онерасположи, се налути; се намршти. Го погледна, се намурти и презирно се насмевна. Ми се намурти, зашто го прашав зошто толку задоцни. Жената му се намурти и му подвикна. 2. (прен.) За временските услови – стане облачно, мрачно. Небото се намурти, ќе врне.
- (се) намуртува, глаг. повт. (се) намуртуваат
Оригинални податоци:
намурти, намуртат св. Направи нерасположен, незадоволен, налутен израз на лицето; намршти. Чуварот го намурти лицето и ми рече да чекам. Седна, ги намурти веѓите и го отвори весникот. ● се ~ 1. Се онерасположи, се налути; се намршти. Го погледна, се намурти и презирно се насмевна. Ми се намурти, зашто го прашав зошто толку задоцни. Жената му се намурти и му подвикна. 2. (прен.) За временските услови – стане облачно, мрачно. Небото се намурти, ќе врне. ‖ (се) намуртува, (се) намуртуваат повт. ‖ глаг. им. намуртување ср.