нанесе 2

Глагол, свршен

Значење на нанесе:

1. За вода, ветар – надонесе со себе, остави по себе нешто, направи нанос, намет. Реката нанесе многу песок по ливадите.

2. (прен.) Дојде, го наведе патот неочекувано, непланирано. Никогаш овде патот не ме нанесол. Од кај го нанесе среќата токму кога треба? 3. Стави, намачка нешто. На лицето нанесе многу пудра. Нанесе тенок слој боја. 4. Предизвика некому нешто непријатно, лошо. Нанесе удар. Нанесе пораз. Нанесе штета. Нанесе срам. Нанесе повреда.

Коњугација: (ќе) нанесеа , (ќе) нанесев , (ќе) нанесел , нанел и нанесол , нанесат , нанесен, нанесете , нанеси , нанесле , нанесоа , нанесов .

Изведени зборови:

  • нанесува, глаг. несв. нанесуваат
  • нанесување, глаг. им. ср.

Оригинални податоци:

нанесе2, нанесат; нанеси, нанесете; нанесов, нанесоа; нанел и нанесол, нанесле; (ќе) нанесев, (ќе) нанесеа; (ќе) нанесел; нанесен св. 1. За вода, ветар – надонесе со себе, остави по себе нешто, направи нанос, намет. Реката нанесе многу песок по ливадите. 2. (прен.) Дојде, го наведе патот неочекувано, непланирано. Никогаш овде патот не ме нанесол. Од кај го нанесе среќата токму кога треба? 3. Стави, намачка нешто. На лицето нанесе многу пудра. Нанесе тенок слој боја. 4. Предизвика некому нешто непријатно, лошо. Нанесе удар. Нанесе пораз. Нанесе штета. Нанесе срам. Нанесе повреда. ‖ нанесува, нанесуваат несв. ‖ глаг. им. нанесување ср.