наниже

Глагол, свршен

Значење на наниже:

1. Надене на конец, направи низа (од бисер, од тутун, пиперки и др.). Нанижа црвени пиперки за сушење.

2. Накити, искити. Ќе нанижат едно барде со секакви цвеќиња.

Коњугација: (ќе) нанижеа , (ќе) нанижев , (ќе) нанижел , нанижаа , нанижав , нанижал , нанижан , нанижат , нанижен, нанижете , нанижи .

Изведени зборови:

  • нанижување, глаг. им. ср.
  • се ~ наниже, Помине долго време во нижење, се наработи со нижење. Денеска се нанижавме тутун цел ден.
  • (се) нанижува, глаг. несв. (се) нанижуваат

Оригинални податоци:

наниже, нанижат; нанижи, нанижете; нанижав, нанижаа; нанижал; нанижан; (ќе) нанижев, (ќе) нанижеа; (ќе) нанижел; нанижен св. 1. Надене на конец, направи низа (од бисер, од тутун, пиперки и др.). Нанижа црвени пиперки за сушење. 2. Накити, искити. Ќе нанижат едно барде со секакви цвеќиња. ● се ~ Помине долго време во нижење, се наработи со нижење. Денеска се нанижавме тутун цел ден. ‖ (се) нанижува, (се) нанижуваат несв. ‖ глаг. им. нанижување ср.