наопаку
Значење на наопаку:
1. На обратната страна од обичното, од нормалното. Ја крена книгата што лежеше наопаку со раздвоени страници. Ја облекол кошулата наопаку. Цела зима ја носеше гуњата наопаку да не го фаќала магија.
2. Одназад. Им ги врзаа рацете наопаку.
3. (прен.) Погрешно, лошо. Ги водат работите наопаку. Од првиот ден му тргна наопаку.
Фразеолошки израз / поговорка:
Наопаку скроен – за лице со незгоден карактер. Наопаку скроено – лошо направено, како што не треба.
Оригинални податоци:
наопаку прил. 1. На обратната страна од обичното, од нормалното. Ја крена книгата што лежеше наопаку со раздвоени страници. Ја облекол кошулата наопаку. Цела зима ја носеше гуњата наопаку да не го фаќала магија. 2. Одназад. Им ги врзаа рацете наопаку. 3. (прен.) Погрешно, лошо. Ги водат работите наопаку. Од првиот ден му тргна наопаку. ◊ Наопаку скроен – за лице со незгоден карактер. Наопаку скроено – лошо направено, како што не треба.