наостри

Глагол, свршен

Значење на наостри:

1. Со острење направи нешто (нож, секира, пила и др.) да биде доволно остро, подобро да сече; наточи.

2. (прен.) Подбуцне, поттикне некого за расправија, за борба. Сакаше да ги наостри да се скараат со нас.

Коњугација: наострат.

Изведени зборови:

  • наострување, глаг. им. ср.
  • се ~ наостри, Се настрои за расправија со некого, се налути на некого.
  • (се) наострува, глаг. повт. (се) наоструваат

Оригинални податоци:

наостри, наострат св. 1. Со острење направи нешто (нож, секира, пила и др.) да биде доволно остро, подобро да сече; наточи. 2. (прен.) Подбуцне, поттикне некого за расправија, за борба. Сакаше да ги наостри да се скараат со нас. ● се ~ Се настрои за расправија со некого, се налути на некого. ‖ (се) наострува, (се) наоструваат повт. ‖ глаг. им. наострување ср.