напад
Значење на напад:
1. Дејство против некого или нешто заради уништување, нанесување пораз. Напад врз непријателот. Воздушен напад. Артилериски напад. Ненадеен напад.
2. Спротивставување со зборови, изнесување поинакво мислење, неодобрување туѓи мисли, идеи, постапки и сл. Вербален напад. Критички напад. Остар напад на изнесените ставови во книгата.
3. Ненадејна болка, обземање од некакво чувство. Напад на слепо црево. Напад на лудило. Напад на беснило. Напад на страв од смрт. Нервен напад.
4. (спорт.) а) Акција за постигање погодок. б) Играчи што имаат задача да напаѓаат и да постигнат погодок (во фудбалот и др.); одбрана.
Множина: напади.
Оригинални податоци:
напад, мн. напади м. 1. Дејство против некого или нешто заради уништување, нанесување пораз. Напад врз непријателот. Воздушен напад. Артилериски напад. Ненадеен напад. 2. Спротивставување со зборови, изнесување поинакво мислење, неодобрување туѓи мисли, идеи, постапки и сл. Вербален напад. Критички напад. Остар напад на изнесените ставови во книгата. 3. Ненадејна болка, обземање од некакво чувство. Напад на слепо црево. Напад на лудило. Напад на беснило. Напад на страв од смрт. Нервен напад. 4. (спорт.) а) Акција за постигање погодок. б) Играчи што имаат задача да напаѓаат и да постигнат погодок (во фудбалот и др.); спрот. одбрана.