напари

Глагол, свршен

Значење на напари:

1. Стави нешто на пареа да се стопли, да прими влага. Го напари лебот да омекне.

2. (прен.) Доживее нешто лошо, непријатно. Ама се напаривме со продажбата.

Коњугација: напарат.

Изведени зборови:

  • напарување, глаг. им. ср.
  • се ~ напари, 1. Се изложи, се стопли на пареа. 2. (прен.) Доживее нешто непријатно, лошо.
  • (се) напарува, глаг. несв. (се) напаруваат

Фразеолошки израз / поговорка:

Човек откако ќе се напари на млекото, дува и на матеницата (посл.).

Оригинални податоци:

напари, напарат св. 1. Стави нешто на пареа да се стопли, да прими влага. Го напари лебот да омекне. 2. (прен.) Доживее нешто лошо, непријатно. Ама се напаривме со продажбата. ● се ~ 1. Се изложи, се стопли на пареа. 2. (прен.) Доживее нешто непријатно, лошо. ◊ Човек откако ќе се напари на млекото, дува и на матеницата (посл.). ‖ (се) напарува, (се) напаруваат несв. ‖ глаг. им. напарување ср.