напече

Глагол, свршен

Значење на напече:

1. Испече во доволно или во големо количество. Напече леб за цела недела.

2. Загрее, стопли добро, натопли. Легна на песокот да го напече грбот.

Коњугација: (ќе) напечеа , (ќе) напечев , (ќе) напечел , напекле , напекоа , напеков , напекол , напечат , напечен, напечете , напечи .

Изведени зборови:

  • напечување, глаг. им. ср. напечување / напекување
  • се ~ напече, Се загрее, добро се стопли, се натопли.
  • (се) напечува, глаг. несв. (се) напечуваат -- (се) напекува, (се) напекуваат

Оригинални податоци:

напече, напечат; напечи, напечете; напеков, напекоа; напекол, напекле; (ќе) напечев, (ќе) напечеа; (ќе) напечел; напечен св. 1. Испече во доволно или во големо количество. Напече леб за цела недела. 2. Загрее, стопли добро, натопли. Легна на песокот да го напече грбот. ● се ~ Се загрее, добро се стопли, се натопли. ‖ (се) напечува, (се) напечуваат / (се) напекува, (се) напекуваат несв. ‖ глаг. им. напечување / напекување ср.