напери

Глагол, свршен

Значење на напери:

Насочи, наврти пушка, топ, стрела и сл., поглед и др. кон некого, кон нешто. Ја напери пушката и влезе во куќата. Ги наперија топовите кон калето. Очите ги напери кон толпата, барајќи да го види меѓу луѓето.

Коњугација: наперат.

Изведени зборови:

  • наперува, глаг. несв. наперуваат
  • наперување, глаг. им. ср.

Оригинални податоци:

напери, наперат св. Насочи, наврти пушка, топ, стрела и сл., поглед и др. кон некого, кон нешто. Ја напери пушката и влезе во куќата. Ги наперија топовите кон калето. Очите ги напери кон толпата, барајќи да го види меѓу луѓето. ‖ наперува, наперуваат несв. ‖ глаг. им. наперување ср.