напие

Глагол, свршен

Значење на напие:

1. Даде некому да пие. Го напи детето вода. Отиде да го напие добитокот.

2. Опие некого. Не го оставаа додека не го напиеја да не може да стане.

Коњугација: (ќе) напиев , (ќе) напиеја , (ќе) напиел , напив , напиен, напиј , напија , напијат , напијте , напил .

Изведени зборови:

  • напивање, глаг. им. ср.
  • (се) напива, глаг. повт. (се) напиваат
  • се ~ напие, 1. Испие нешто во извесна или во доволна мера. 2. Се опие. 3. (прен.) Прими влага. Добро заврнало, земјата се напила, не се влегува в нива.

Оригинални податоци:

напие, напијат; напиј, напијте; напив, напија; напил; (ќе) напиев, (ќе) напиеја; (ќе) напиел; напиен св. 1. Даде некому да пие. Го напи детето вода. Отиде да го напие добитокот. 2. Опие некого. Не го оставаа додека не го напиеја да не може да стане. ● се ~ 1. Испие нешто во извесна или во доволна мера. 2. Се опие. 3. (прен.) Прими влага. Добро заврнало, земјата се напила, не се влегува в нива. ‖ (се) напива, (се) напиваат повт. ‖ глаг. им. напивање ср.