напика
Значење на напика:
1. Втера, стави со сила, со туркање. Напика сено во вреќата и ја крена на грб. Го здипли ќебето и го напика во торбата.
2. (прен.) Зафрли нешто некаде, суреди да не може лесно да се најде. Облечи што ќе најдеш, таа блуза кој знае каде е напикана.
3. (прен., разг.) Стави, намести некого на добро работно место, во функција преку врски, со протежирање. Го напикал синот на работа во управата.
Коњугација: напикаат.
Изведени зборови:
- се ~ напика, 1. Се смести (обично за повеќемина) во тесен, неудобен простор. Сите се напикаа во една соба. 2. (прен.) Се зафрли, го снема некаде. Кај се напика, сега беше тука. 3. (прен., разг.) Влезе некаде од интерес, се пробие, се вовлече. Се напика во партијата да се добере до власт. Се напикаа преку ред и без карти.
- (се) напикува, глаг. несв. (се) напикуваат
Оригинални податоци:
напика, напикаат св. 1. Втера, стави со сила, со туркање. Напика сено во вреќата и ја крена на грб. Го здипли ќебето и го напика во торбата. 2. (прен.) Зафрли нешто некаде, суреди да не може лесно да се најде. Облечи што ќе најдеш, таа блуза кој знае каде е напикана. 3. (прен., разг.) Стави, намести некого на добро работно место, во функција преку врски, со протежирање. Го напикал синот на работа во управата. ● се ~ 1. Се смести (обично за повеќемина) во тесен, неудобен простор. Сите се напикаа во една соба. 2. (прен.) Се зафрли, го снема некаде. Кај се напика, сега беше тука. 3. (прен., разг.) Влезе некаде од интерес, се пробие, се вовлече. Се напика во партијата да се добере до власт. Се напикаа преку ред и без карти. ‖ (се) напикува, (се) напикуваат несв.