напипа
Значење на напипа:
1. Најде, пронајде нешто со пипање. Полека ја напипа вратата во темницата и ја отвори. Одвај успеа да му го напипа пулсот.
2. (прен.) По некакви знаци насети, открие нешто. Напипал дека тука нешто се подготвува.
Коњугација: напипаат.
Изведени зборови:
- напипува, глаг. несв. напипуваат
- напипување, глаг. им. ср.
Оригинални податоци:
напипа, напипаат св. 1. Најде, пронајде нешто со пипање. Полека ја напипа вратата во темницата и ја отвори. Одвај успеа да му го напипа пулсот. 2. (прен.) По некакви знаци насети, открие нешто. Напипал дека тука нешто се подготвува. ‖ напипува, напипуваат несв. ‖ глаг. им. напипување ср.