напои
Значење на напои:
1. Даде некому да пие. Ги собра децата, ги нахрани и ги напои. Отиде да го напои добитокот.
2. (прен.) За земја, почва – прими вода, влага. Селаните очекуваа господ да ги напои сувите ниви. Дождот ја напои испуканата земја.
3. (прен.) Вдахне, предизвика некакво (позитивно) чувство. Убавата природа му ја напои душата со чистота и ведрина.
Коњугација: (ќе) напоев , (ќе) напоеја , (ќе) напоел, напоија , напој , напојаа и напоив , напојав , напојал и напоил , напојан и напоен , напојат , напојте .
Изведени зборови:
- напојување, глаг. им. ср.
- се ~ напои, 1. Се насити со вода, со течност. 2. Се насити со влага. Земјата се напои, набрекна. 3. (прен.) Се исполни со вдахновеност, со занес. Младите се напоија со идеите на новото време.
- (се) напојува, глаг. несв. (се) напојуваат
Оригинални податоци:
напои, напојат; напој, напојте; напојав, напојаа и напоив, напоија; напојал и напоил; напојан и напоен; (ќе) напоев, (ќе) напоеја; (ќе) напоел св. 1. Даде некому да пие. Ги собра децата, ги нахрани и ги напои. Отиде да го напои добитокот. 2. (прен.) За земја, почва – прими вода, влага. Селаните очекуваа господ да ги напои сувите ниви. Дождот ја напои испуканата земја. 3. (прен.) Вдахне, предизвика некакво (позитивно) чувство. Убавата природа му ја напои душата со чистота и ведрина. ● се ~ 1. Се насити со вода, со течност. 2. Се насити со влага. Земјата се напои, набрекна. 3. (прен.) Се исполни со вдахновеност, со занес. Младите се напоија со идеите на новото време. ‖ (се) напојува, (се) напојуваат несв. ‖ глаг. им. напојување ср.