наполни

Глагол, свршен

Значење на наполни:

1. Исполни нешто колку што собира, докрај. Го наполни шишето и го затвори. Ја наполни торбата со јадење.

2. Стави муниција во оружје (пушка, топ и др.).

3. Наврши определен број години, достигне определена возраст (во години). Годинава ќе наполни 18 години.

Коњугација: наполнат.

Изведени зборови:

  • наполнување, глаг. им. ср.
  • се ~ наполни, Се исполни, стане полн. Собата се наполни луѓе. Селото се наполни со војска. Чевлите им се наполнија вода. Очите му се наполнија солзи.
  • (се) наполнува, глаг. несв. (се) наполнуваат

Фразеолошки израз / поговорка:

Наполни глава (некому) – изврши (лошо) влијание. Наполни (некоја) дупка – (ирон.) погине. Ги наполни гаќите – (разг.) многу се исплаши. Очите ми (ти и др.) се наполнија – се нагледа убавини. Срцето (душата) ми (ти и др.) се исполни – почувствува, доживеа радост, задоволство.

Оригинални податоци:

наполни, наполнат св. 1. Исполни нешто колку што собира, докрај. Го наполни шишето и го затвори. Ја наполни торбата со јадење. 2. Стави муниција во оружје (пушка, топ и др.). 3. Наврши определен број години, достигне определена возраст (во години). Годинава ќе наполни 18 години. ● се ~ Се исполни, стане полн. Собата се наполни луѓе. Селото се наполни со војска. Чевлите им се наполнија вода. Очите му се наполнија солзи. ◊ Наполни глава (некому) – изврши (лошо) влијание. Наполни (некоја) дупка – (ирон.) погине. Ги наполни гаќите – (разг.) многу се исплаши. Очите ми (ти и др.) се наполнија – се нагледа убавини. Срцето (душата) ми (ти и др.) се исполни – почувствува, доживеа радост, задоволство. ‖ (се) наполнува, (се) наполнуваат несв. ‖ глаг. им. наполнување ср.