напореден
Значење на напореден:
1. Што е во целата должина на иста оддалеченост со друг, што не се пресекува; паралелен. Напоредни линии.
2. (прен.) Што е споредлив, заменлив со друг, што се случува истовремено со друг. Напореден текст. Напоредни примери. Напоредни настани. Напоредни промени.
Членувана форма: напоредниот.
Изведени зборови:
- напоредно, прил. Напоредно работи две работи. Тие зборови напоредно се употребуваат.
- напоредност, и. ж.
Оригинални податоци:
напореден, напоредниот прид. 1. Што е во целата должина на иста оддалеченост со друг, што не се пресекува; паралелен. Напоредни линии. 2. (прен.) Што е споредлив, заменлив со друг, што се случува истовремено со друг. Напореден текст. Напоредни примери. Напоредни настани. Напоредни промени. ‖ напоредно прил. Напоредно работи две работи. Тие зборови напоредно се употребуваат. ‖ напоредност ж.