напраши
Значење на напраши:
1. Нанесе прав на нешто. Не треси го чаршафот тука, ќе нè напрашиш.
2. Посипе со прашок. Ги напрашив цвеќињата против вошки.
3. Со копање растресе земја, спраши (пипер, афион и др.). Го напраши пиперот.
Коњугација: напрашат.
Изведени зборови:
- напрашување, глаг. им. ср.
- се ~ напраши, Си нанесе прав, се испраши. Внимавај, да не се напрашиш.
- (се) напрашува, глаг. повт. (се) напрашуваат
Оригинални податоци:
напраши, напрашат св. 1. Нанесе прав на нешто. Не треси го чаршафот тука, ќе нè напрашиш. 2. Посипе со прашок. Ги напрашив цвеќињата против вошки. 3. Со копање растресе земја, спраши (пипер, афион и др.). Го напраши пиперот. ● се ~ Си нанесе прав, се испраши. Внимавај, да не се напрашиш. ‖ (се) напрашува, (се) напрашуваат повт. ‖ глаг. им. напрашување ср.