направи

Глагол, свршен

Значење на направи:

1. Изработи, даде облик, состави нешто. Направи прстен. Направи чевли. Направи стомна.

2. Изгради, изѕида објект на некое место. Направи куќа. Направи црква. Направи мост. Направи пат.

3. Зготви, приготви храна. Направи ручек. Направи салата. Направи сладолед. Направи торта.

4. Скрои, сошие облека. Направи костум за свадбата од сестра му.

5. Приреди, организира, собере множество луѓе со некоја цел. Направи свадба. Направи собир. Направи приредба. Направи веселба.

6. Доведе во нормална, исправна состојба, поправи. Мајсторот го направи телевизорот.

7. Предизвика, стори нешто. Направи штета. Направи судир. Направи пожар. Направи беља.

8. Наполни, наврши определен број години. Кога ќе направиш шест години, ќе заодиш на училиште.

9. Напише текст, административен акт и сл. Секретарот ги направи одлуките од последната седница на Советот. Записничарот го направи записникот. Направивме список на сите заинтересирани за патувањето.

10. Означи, опише, нацрта граници на нешто во просторот. Сателитот направи круг околу Земјата. Направи квадрат над хипотенузата и определи ја неговата плоштина. Учениците направија круг околу наставникот. 1Отстапи, овозможи нешто. Момчето ѝ направи место на жената да седне. Селаните му направија пат на војводата да помине. 12. Создаде, предизвика некаква состојба, ситуација и сл. Невремето направи големи штети кај раноградинарските култури. Експлозијата направила мал кратер. 13. За лице и сл. – даде на лицето некаков израз, покаже расположение, чувство, однос кон некого или кон нешто. Тој направи кисело лице. Момчето направи најдобра гримаса на натпреварот. 14. Придвижи, помести. Возот направи неколку маневарски движења напред-назад и застана. Тој направи неколку чекори сам, без туѓа помош. 15. (прен.) Раскаже, смисли нешто. Децата направија шега на сметка на стариот. Новинарите од тоа направија приказна. 16. (прен.) Произведе, назначи некого за нешто. Го направија претседател. Го направи свој наследник. 17. Во состави со именка за означување дејство со значење на именката. Направи анализа. Направи забелешка. Направи исправка. Направи избор. Направи проверка.

Коњугација: направат.

Изведени зборови:

  • направање, глаг. им. ср.
  • (се) направа, глаг. повт. (се) направаат
  • се ~ направи, 1. Си даде некаков изглед, се преправи, се престори. Се направи важен. Се направи болен. Се направи недоветен. 2. Дојде во некаква состојба, се претвори во нешто, обично во негативна конотација. Се направил коски и кожа заради неа.

Фразеолошки израз / поговорка:

Направи човек од него – добро одгледа, воспита некого.

Оригинални податоци:

направи, направат св. 1. Изработи, даде облик, состави нешто. Направи прстен. Направи чевли. Направи стомна. 2. Изгради, изѕида објект на некое место. Направи куќа. Направи црква. Направи мост. Направи пат. 3. Зготви, приготви храна. Направи ручек. Направи салата. Направи сладолед. Направи торта. 4. Скрои, сошие облека. Направи костум за свадбата од сестра му. 5. Приреди, организира, собере множество луѓе со некоја цел. Направи свадба. Направи собир. Направи приредба. Направи веселба. 6. Доведе во нормална, исправна состојба, поправи. Мајсторот го направи телевизорот. 7. Предизвика, стори нешто. Направи штета. Направи судир. Направи пожар. Направи беља. 8. Наполни, наврши определен број години. Кога ќе направиш шест години, ќе заодиш на училиште. 9. Напише текст, административен акт и сл. Секретарот ги направи одлуките од последната седница на Советот. Записничарот го направи записникот. Направивме список на сите заинтересирани за патувањето. 10. Означи, опише, нацрта граници на нешто во просторот. Сателитот направи круг околу Земјата. Направи квадрат над хипотенузата и определи ја неговата плоштина. Учениците направија круг околу наставникот. 11. Отстапи, овозможи нешто. Момчето ѝ направи место на жената да седне. Селаните му направија пат на војводата да помине. 12. Создаде, предизвика некаква состојба, ситуација и сл. Невремето направи големи штети кај раноградинарските култури. Експлозијата направила мал кратер. 13. За лице и сл. – даде на лицето некаков израз, покаже расположение, чувство, однос кон некого или кон нешто. Тој направи кисело лице. Момчето направи најдобра гримаса на натпреварот. 14. Придвижи, помести. Возот направи неколку маневарски движења напред-назад и застана. Тој направи неколку чекори сам, без туѓа помош. 15. (прен.) Раскаже, смисли нешто. Децата направија шега на сметка на стариот. Новинарите од тоа направија приказна. 16. (прен.) Произведе, назначи некого за нешто. Го направија претседател. Го направи свој наследник. 17. Во состави со именка за означување дејство со значење на именката. Направи анализа. Направи забелешка. Направи исправка. Направи избор. Направи проверка. ● се ~ 1. Си даде некаков изглед, се преправи, се престори. Се направи важен. Се направи болен. Се направи недоветен. 2. Дојде во некаква состојба, се претвори во нешто, обично во негативна конотација. Се направил коски и кожа заради неа. ◊ Направи човек од него – добро одгледа, воспита некого. ‖ (се) направа, (се) направаат повт. ‖ глаг. им. направање ср.