напрчи
Значење на напрчи:
1. Издаде нанапред или наназад некој дел од телото (усни, гради, стомак, задник).
2. За животно – крене, подигне, начули. Ја напрчи опашката. Чуја лисиците, ги напрчија опашките. Ги напрчи ушите.
Коњугација: напрчат.
Изведени зборови:
- напрчување, глаг. им. ср.
- се ~ напрчи, 1. Го издаде задникот. 2. (прен.) Се намурти, се налути. Се напрчи, зашто го скараа малку. 3. (прен.) Се направи важен, се надуе. Што се напрчил толку, како да не знаеме кој е и што беше.
- (се) напрчува, глаг. несв. (се) напрчуваат
Фразеолошки израз / поговорка:
Го напрчи носот – се вообрази, се надуе.
Оригинални податоци:
напрчи, напрчат св. 1. Издаде нанапред или наназад некој дел од телото (усни, гради, стомак, задник). 2. За животно – крене, подигне, начули. Ја напрчи опашката. Чуја лисиците, ги напрчија опашките. Ги напрчи ушите. ● се ~ 1. Го издаде задникот. 2. (прен.) Се намурти, се налути. Се напрчи, зашто го скараа малку. 3. (прен.) Се направи важен, се надуе. Што се напрчил толку, како да не знаеме кој е и што беше. ◊ Го напрчи носот – се вообрази, се надуе. ‖ (се) напрчува, (се) напрчуваат несв. ‖ глаг. им. напрчување ср.