напред
Значење на напред:
1. Во насока на тоа што е пред себе. Чекореше упорно напред. Јас ќе продолжам напред, а вие вратете се.
2. На прво, на предно место. Седна напред. Тие што беа напред можеа сè да видат. Чекајте, им викна на тие напред.
3. Однапред, за нешто што ќе биде. Да си кажеме напред, да нема после расправии. Ќе дадам малку напред, а ќе ти доплатам кога ќе го земам. За работата му побара пари напред.
4. За во иднина (обично со предлогот за). Имам храна и за напред. Ве молам за напред да не ме заборавате. Мисли само за напред. Отсега напред за тоа да не ми зборуваш.
5. Порано, во минатото (обично во компаратив). Напред нејќеше ни да помириса тутун, а сега не може без него. Понапред нејќеше да го види, а сега му стана прв пријател.
6. За изразување заповед, команда, повик и сл. Напред!
Фразеолошки израз / поговорка:
Со господ напред – благослов.
Оригинални податоци:
напред прил. 1. Во насока на тоа што е пред себе. Чекореше упорно напред. Јас ќе продолжам напред, а вие вратете се. 2. На прво, на предно место. Седна напред. Тие што беа напред можеа сè да видат. Чекајте, им викна на тие напред. 3. Однапред, за нешто што ќе биде. Да си кажеме напред, да нема после расправии. Ќе дадам малку напред, а ќе ти доплатам кога ќе го земам. За работата му побара пари напред. 4. За во иднина (обично со предлогот за). Имам храна и за напред. Ве молам за напред да не ме заборавате. Мисли само за напред. Отсега напред за тоа да не ми зборуваш. 5. Порано, во минатото (обично во компаратив). Напред нејќеше ни да помириса тутун, а сега не може без него. Понапред нејќеше да го види, а сега му стана прв пријател. 6. За изразување заповед, команда, повик и сл. Напред! ◊ Со господ напред – благослов.