напреден

Придавка

Значење на напреден:

1. Што се стреми кон новото, кон прогресивното. Напредна личност. Напредно гледиште. Напредни сили.

2. Што се развива добро, што напредува во растењето. Напредно дете. Напредно растение.

Членувана форма: напредниот.

Изведени зборови:

  • напредност, и. ж.

Оригинални податоци:

напреден, напредниот прид. 1. Што се стреми кон новото, кон прогресивното. Напредна личност. Напредно гледиште. Напредни сили. 2. Што се развива добро, што напредува во растењето. Напредно дете. Напредно растение. ‖ напредност ж.