напрегне

Глагол, свршен

Значење на напрегне:

Доведе во состојба на голем физички или умствен напор. Ги напрегна и последните сили да се извлече. Залудно го напрегна својот слаб слух, ништо не успеа да чуе. Со напрегнато внимание го следеше секој збор на предавачот.

Коњугација: (ќе) напрегнеа , (ќе) напрегнев , (ќе) напрегнел, напрегнаа , напрегнав , напрегнал , напрегнат , напрегнат , напрегнете , напрегни .

Изведени зборови:

  • напрегнување, глаг. им. ср. напрегнување / напрегање
  • се ~ напрегне, Вложи голем физички или умствен напор. Се напрегна сиот и одвај успеа да стане. Се напрегна да чуе и да види. Се напрегна да сфати што му зборуваат. Се напрегна да се сети.
  • (се) напрегнува, глаг. несв. (се) напрегнуваат -- (се) напрега, (се) напрегаат

Оригинални податоци:

напрегне, напрегнат; напрегни, напрегнете; напрегнав, напрегнаа; напрегнал; напрегнат; (ќе) напрегнев, (ќе) напрегнеа; (ќе) напрегнел св. Доведе во состојба на голем физички или умствен напор. Ги напрегна и последните сили да се извлече. Залудно го напрегна својот слаб слух, ништо не успеа да чуе. Со напрегнато внимание го следеше секој збор на предавачот. ● се ~ Вложи голем физички или умствен напор. Се напрегна сиот и одвај успеа да стане. Се напрегна да чуе и да види. Се напрегна да сфати што му зборуваат. Се напрегна да се сети. ‖ (се) напрегнува, (се) напрегнуваат / (се) напрега, (се) напрегаат несв. ‖ глаг. им. напрегнување / напрегање ср.