напушти 2

Глагол, свршен

Значење на напушти:

1. Остави, се раздели од некого, од нешто. Ги напуштил жената и децата и заминал. Го напуштиле децата, останал сам. Ја напуштил работата. Го напуштил родното место.

2. Занемари, изгуби интерес за нешто. Го напуштил учењето.

Коњугација: напуштат.

Изведени зборови:

  • напушта, глаг. несв. напуштаат
  • напуштање, глаг. им. ср.

Оригинални податоци:

напушти2, напуштат св. 1. Остави, се раздели од некого, од нешто. Ги напуштил жената и децата и заминал. Го напуштиле децата, останал сам. Ја напуштил работата. Го напуштил родното место. 2. Занемари, изгуби интерес за нешто. Го напуштил учењето. ‖ напушта, напуштаат несв. ‖ глаг. им. напуштање ср.