нарача

Глагол, свршен

Значење на нарача:

1. Направи нарачка, побара нешто да му се донесе, да добие. Господинот нарача да му донесат ручек. Нарачал да му донесат неколку товари дрва. Нарачал прстен за невестата.

2. Прати порака по некого, порача, јави нешто. Учителот нарачал да се соберат сите селани во училиштето.

3. (арх.) Претскаже судбина. Како што нарачале наречниците, така ќе биде.

Коњугација: нарачаат.

Изведени зборови:

  • нарачува, глаг. несв. нарачуваат
  • нарачување, глаг. им. ср.

Фразеолошки израз / поговорка:

Дојде како нарачан – за нешто што ќе се случи кога е најпотребно. Овие пари ми дојдоа како нарачани.

Оригинални податоци:

нарача, нарачаат св. 1. Направи нарачка, побара нешто да му се донесе, да добие. Господинот нарача да му донесат ручек. Нарачал да му донесат неколку товари дрва. Нарачал прстен за невестата. 2. Прати порака по некого, порача, јави нешто. Учителот нарачал да се соберат сите селани во училиштето. 3. (арх.) Претскаже судбина. Како што нарачале наречниците, така ќе биде. ◊ Дојде како нарачан – за нешто што ќе се случи кога е најпотребно. Овие пари ми дојдоа како нарачани. ‖ нарачува, нарачуваат несв. ‖ глаг. им. нарачување ср.