нарасне

Глагол, свршен

Значење на нарасне:

1. Стане повисок, потпорасне. Кога ќе ти нараснат децата, ќе ти биде полесно.

2. Никне, се развие врз некоја почва (за растенија). Низ пченката нараснаа секакви тревје.

3. Се крене, се зголеми по обем, надојде (за река, вода и др.). Реката нарасна до прелевање. Го остави тестото да нарасне.

4. Стане повеќе по број, бројно се зголеми, се засили и сл. Четата нарасна со нови борци. Вревата нарасна. Огнот нарасна и стана опасен.

Коњугација: (ќе) нараснеа , (ќе) нараснев , (ќе) нараснел, нараснаа , нараснав , нараснал , нараснат , нараснат , нараснете , нарасни .

Изведени зборови:

  • нараснува, глаг. несв. нараснуваат
  • нараснување, глаг. им. ср.

Оригинални податоци:

нарасне, нараснат; нарасни, нараснете; нараснав, нараснаа; нараснал; нараснат; (ќе) нараснев, (ќе) нараснеа; (ќе) нараснел св. 1. Стане повисок, потпорасне. Кога ќе ти нараснат децата, ќе ти биде полесно. 2. Никне, се развие врз некоја почва (за растенија). Низ пченката нараснаа секакви тревје. 3. Се крене, се зголеми по обем, надојде (за река, вода и др.). Реката нарасна до прелевање. Го остави тестото да нарасне. 4. Стане повеќе по број, бројно се зголеми, се засили и сл. Четата нарасна со нови борци. Вревата нарасна. Огнот нарасна и стана опасен. ‖ нараснува, нараснуваат несв. ‖ глаг. им. нараснување ср.