нарече

Глагол, свршен

Значење на нарече:

1. Даде име, прекар, назив, на некого или на нешто, именува некако. Жената ја нарече страдалница, и не згреши. Нè нарекоа прости, варвари, а ни го крадеа културното богатство. Тој метеж го нарекоа преселба. Цвеќето што го носеше го нарекле обетка.

2. Намени, определи за кого е нешто. Тоа беше наречено за тебе, а друг го зеде.

3. Се нафрли со зборови на некого, му рече многу нешта. Му нареков сè што мислев, па што сака нека прави.

4. (арх.) Претскаже судбина некому.

Коњугација: (ќе) наречеа , (ќе) наречев , (ќе) наречел , нарекле , нарекоа , нареков , нарекол , наречат , наречен, наречете , наречи .

Изведени зборови:

  • наречување, глаг. им. ср. наречување / нарекување
  • се ~ нарече, Се именува со некакво име, назив.
  • (се) наречува, глаг. несв. (се) наречуваат -- (се) нарекува, (се) нарекуваат

Оригинални податоци:

нарече, наречат; наречи, наречете; нареков, нарекоа; нарекол, нарекле; (ќе) наречев, (ќе) наречеа; (ќе) наречел; наречен св. 1. Даде име, прекар, назив, на некого или на нешто, именува некако. Жената ја нарече страдалница, и не згреши. Нè нарекоа прости, варвари, а ни го крадеа културното богатство. Тој метеж го нарекоа преселба. Цвеќето што го носеше го нарекле обетка. 2. Намени, определи за кого е нешто. Тоа беше наречено за тебе, а друг го зеде. 3. Се нафрли со зборови на некого, му рече многу нешта. Му нареков сè што мислев, па што сака нека прави. 4. (арх.) Претскаже судбина некому. ● се ~ Се именува со некакво име, назив. ‖ (се) наречува, (се) наречуваат / (се) нарекува, (се) нарекуваат несв. ‖ глаг. им. наречување / нарекување ср.