нареди 2

Глагол, свршен

Значење на нареди:

1. Стави, размести во определен ред. Го нареди по височина меѓу првите. Ги нареди книгите по писатели.

2. Суреди, намести (соба, куќа и сл.). Му ја исчисти и му ја нареди собата. За празникот убаво ја нареди куќата.

3. (прен.) Среди, уреди, доведе во добра состојба. Јас ќе ја наредам таа работа. Убаво си го наредил животот.

4. (прен.) Дотера, украси некого или нешто. Ја наредил како кукла. Алтани ќе те наредам. Убаво сте ја наредиле елката.

Коњугација: наредат.

Изведени зборови:

  • наредување, глаг. им. ср.
  • се ~ нареди, 1. Застане во ред. Војниците со трчање се наредија во два реда. 2. (прен.) Добро се намести, дојде до добро место во службата, во работата. 3. (прен.) Се дотера, се уреди, добро се облече.
  • (се) наредува, глаг. несв. (се) наредуваат

Оригинални податоци:

нареди2, наредат св. 1. Стави, размести во определен ред. Го нареди по височина меѓу првите. Ги нареди книгите по писатели. 2. Суреди, намести (соба, куќа и сл.). Му ја исчисти и му ја нареди собата. За празникот убаво ја нареди куќата. 3. (прен.) Среди, уреди, доведе во добра состојба. Јас ќе ја наредам таа работа. Убаво си го наредил животот. 4. (прен.) Дотера, украси некого или нешто. Ја наредил како кукла. Алтани ќе те наредам. Убаво сте ја наредиле елката. ● се ~ 1. Застане во ред. Војниците со трчање се наредија во два реда. 2. (прен.) Добро се намести, дојде до добро место во службата, во работата. 3. (прен.) Се дотера, се уреди, добро се облече. ‖ (се) наредува, (се) наредуваат несв. ‖ глаг. им. наредување ср.