народ
Значење на народ:
1. Историски создадена заедница на луѓе врз основа на заедничко етничко потекло, територија, јазик, економски живот и заеднички културни традиции; нација. Македонски народ.
2. Целокупниот состав на населението, на граѓаните на една држава. Народот на Македонија.
3. Множество луѓе. Многу народ излегол на улица. Од народ не се влегуваше в црква.
Множина: народа, народи.
Оригинални податоци:
народ, мн. народи, избр. мн. народа м. 1. Историски создадена заедница на луѓе врз основа на заедничко етничко потекло, територија, јазик, економски живот и заеднички културни традиции; нација. Македонски народ. 2. Целокупниот состав на населението, на граѓаните на една држава. Народот на Македонија. 3. Множество луѓе. Многу народ излегол на улица. Од народ не се влегуваше в црква.