наруши

Глагол, свршен

Значење на наруши:

1. Прекине, попречи определена состојба што траела. Ја наруши рамнотежата на силите. Ја наруши тишината. Го наруши мирот.

2. Прекрши, престапи определена норма, закон и сл. Ги наруши правилата за работа. Го наруши законот. Го наруши редот. Ја наруши спогодбата.

Коњугација: нарушат.

Изведени зборови:

  • нарушува, глаг. несв. нарушуваат
  • нарушување, глаг. им. ср.

Оригинални податоци:

наруши, нарушат св. 1. Прекине, попречи определена состојба што траела. Ја наруши рамнотежата на силите. Ја наруши тишината. Го наруши мирот. 2. Прекрши, престапи определена норма, закон и сл. Ги наруши правилата за работа. Го наруши законот. Го наруши редот. Ја наруши спогодбата. ‖ нарушува, нарушуваат несв. ‖ глаг. им. нарушување ср.