нас

Заменка

Спореди: ние.

Значење на нас:

Долга форма за директен предмет и општа форма од ние; кога не е со предлог, освен во извесни ретки случаи, оди заедно со кратката форма нè; Кај нас се собраа сите. Остани со нас. Нас нè повикаа да сведочиме. Прво ќе ве почести вас, а после и нас.

Оригинални податоци:

нас зам. Долга форма за директен предмет и општа форма од ние; кога не е со предлог, освен во извесни ретки случаи, оди заедно со кратката форма нè; сп. ние. Кај нас се собраа сите. Остани со нас. Нас нè повикаа да сведочиме. Прво ќе ве почести вас, а после и нас.