насади

Глагол, свршен

Значење на насади:

1. За растение, дрво – изврши садење. Насади компири. Насади тутун. Насади лозје. Насади круша. Насади липа.

2. Сади во поголем број, во поголемо количество. Во дворот насади секакви цвеќиња.

3. Нареди снопови на гумно за вршење (обично со коњ). Го насадија гумното уште рано.

4. Стави јајца за ведење. Насадил само две кокошки.

Коњугација: насадат.

Изведени зборови:

  • насадување, глаг. им. ср.
  • се ~ насади, 1. Со садење се наработи. Денеска се насадивме од утро до вечер. 2. (прен., разг.) Седне на непогодно место. Што си се насадил пред врата!
  • (се) насадува, глаг. повт. (се) насадуваат

Оригинални податоци:

насади, насадат св. 1. За растение, дрво – изврши садење. Насади компири. Насади тутун. Насади лозје. Насади круша. Насади липа. 2. Сади во поголем број, во поголемо количество. Во дворот насади секакви цвеќиња. 3. Нареди снопови на гумно за вршење (обично со коњ). Го насадија гумното уште рано. 4. Стави јајца за ведење. Насадил само две кокошки. ● се ~ 1. Со садење се наработи. Денеска се насадивме од утро до вечер. 2. (прен., разг.) Седне на непогодно место. Што си се насадил пред врата! ‖ (се) насадува, (се) насадуваат повт. ‖ глаг. им. насадување ср.