насече

Глагол, свршен

Значење на насече:

1. Со сечење добие определено или големо количество нешто. Насекол леб за сите. Насече дрва за цела година. Насече гранки со купишта.

2. Засече малку, направи засек. Го насече дрвцето за калемење. Го насече лимонот.

Коњугација: (ќе) насечеа , (ќе) насечев , (ќе) насечел , насекле , насекоа , насеков , насекол , насечат , насечен, насечете , насечи .

Изведени зборови:

  • насечување, глаг. им. ср. насечување / насекување
  • се ~ насече, 1. Се наработи, сечејќи. Се насече дрва денеска. 2. Се пресече малку. Сечејќи леб, се насеков.
  • (се) насечува, глаг. несв. (се) насечуваат -- (се) насекува, (се) насекуваат

Оригинални податоци:

насече, насечат; насечи, насечете; насеков, насекоа; насекол, насекле; (ќе) насечев, (ќе) насечеа; (ќе) насечел; насечен св. 1. Со сечење добие определено или големо количество нешто. Насекол леб за сите. Насече дрва за цела година. Насече гранки со купишта. 2. Засече малку, направи засек. Го насече дрвцето за калемење. Го насече лимонот. ● се ~ 1. Се наработи, сечејќи. Се насече дрва денеска. 2. Се пресече малку. Сечејќи леб, се насеков. ‖ (се) насечува, (се) насечуваат / (се) насекува, (се) насекуваат несв. ‖ глаг. им. насечување / насекување ср.